На Греми наградите, на Дрејк му го исклучија микрофонот поради она што го кажа (ВИДЕО)

0
234

Откако со недели се расправаше дали ќе присуствува на Греми наградите, Дрејк сепак во последен момент одлучи да се појави. Тој освои Греми за најдобра рап песна, а насред страствениот победнички говор, веднаш откако на младите музичари им порачал дека „ова не им треба”, организаторите му го исклучиле микрофонот.

-Она со кое се занимаваме е втемелено на мислење, не на факти. Сакам да кажам дека веќе сте победиле ако луѓето знаат да ги пеат вашите песни, ако сте станале херој во својот роден град. Ако постојат луѓе кои ја работат својата работа на дожд и снег, а се спремни да ги потрошат тие пари на карта за вашиот настап, тогаш оваа награда не ви е потребна, веќе сте победиле, изјавил раперот.

По тоа, тој сакал да продолжи со говорот, но неговиот микрофон бил исклучен и набрзо биле пуштени реклами.

Коментирај