На два дена пред реваншот со Рома, десната рака на Клоп го напушти Ливерпул

0
286

Десната рака на Јирген Клоп на два дена пред големата пресметка против Рома одлучи да го напушти Клоп и Ливерпул.

Соработката на Клоп со Бувач траеше долго. Соработуваа во Мајнц, потоа во Борусија и сега во Ливерпул.

Бувач го нарекуваа “тактички гениј“, а што доведе до тоа овој човек да се раздели со Клоп? Наводно биле заладени одностите меѓу него и Клоп, толку што Бувач дури не присуствувал на техничките состаноци на Црвените и во последно време не разговарале за време на натпреварите.

Инаку, овој двоец работеше заедно цели 17 години и имаа доста успеси, па навивачите на Ливерпул се загрижени тоа да не се одрази негативно на резултатите, а финалето во ЛШ е пред вратите.

Извор: Sportski.mk

Коментирај