На денешен ден во 1878 е роден Димитрија Чуповски: Во 1913 ја исцртува картата на Македонија, ги објавува „Македонски народници“ и „Меморандум на Македонците“

0
1137

На денешен ден, 8 ноември 1878 година бил роден Димитрија Чуповски македонски национален деец, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог.

Тој е основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (1902), што претставува зачеток на Македонската академија на науките и уметностите.

Го основал и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издавал списанието „Македонски глас“ (Македонскiи голосъ).

Чуповски, 1913 година ја исцртува картата на Македонија, ги објавува „Македонски народници“ и „Меморандум на Македонците“ и сите три ги испраќа до Лондонската конференција и до рускиот печат за подобро запознавање со македонското прашање и желбата на Македонците за своја слободна татковина.

Karta-Etnicka-Makedonija

Коментирај