На денешен ден пред 30 години: Еве како Тајсон го среди Бербик (ВИДЕО)

0
335

На денешен ден пред 30 години во Лас Вегас се одржа еден од најлегендарните бокс-мечеви. Тоа е првата борба за шампионски појас на Мајк Тајсон. Несреќниот противник беше Тревор Бербик

На денешен ден пред точно 30 години во Лас Вегас, Мајк Тајсон, стана најмладиот боксерски шампион во тешка категорија. Иако имаше само 20 години и 4 месеци, а професионалното деби го имаше една година пред тоа, Тајсон до својот прв меч за шампионски појас веќе имаше 28 борби и исто толку победи. Од тие 26 со нокаут, а од нив 16 со нокаут во првата рунда.

tyson-berbick-1986-2

Таквиот скор му донесе меч со ВБЦ-шампионот Тревор Бербик, а потоа до август 1987 година ги имаше освоено и ВБА и ИБФ-појасите и стана апсолутен првак.

Погледнето го видеото од епската борба на Мајк Тајсон со Тревор Бербик одржана на денешен ден пред 30 години.

Коментирај