На денешен ден пред 17 години почнаа пукотниците и започна војната во Тетово – ВЕЧНА СЛАВА НА ПАДНАТИТЕ ХЕРОИ!

0
958

Пред 17 години, на истиот овој ден, во истиот овој час (14.03.2001 во 11:42 часот), веќе беа почнати пукотниците во Тетово, со кој беше обележан почетокот на војната во градот Тетово.

Демонстрациите на градскиот плоштад од страна на албанското население, прераснаа во масовни протести со излив на насилство и непримерни скандирања. Првите пукотници од Калето, беа дочекани со овации, извици на воодушевување и одобрување за „борците за човекови права“ од толпата народ на плоштадот. Истите „борци за човекови права“ кои подоцна ќе масакрираат, мачат, палат и протеруваат цивили, војници и полицајци во заседи, сквернуваат цркви и гробови исконски… Оние со чисто срце нема никогаш да ги заборават сликите од Вејце, Карпалак, Љуботенски Бачила, Мавровските работници, Чуварите на моделот Бриони, разнесениот Лешочки манастир и многу други.

Полицијата во првите неколку дена беше притисната на работ, голем дел од населението во Тетово привремено, а некои и засекогаш, се иселија од градот во тие денови. По првичниот шок, полицијата се созеде и дојде на своето, постави пунктови на критичните точки во градот, и стратешки го одбрани центарот.

На 26.03.2001, со дводневната акција МХ-2 на пензионираниот генерал Панде Петровски (1943 – 2006), Тетовското Кале беше потполно освоено од страна на македонската полиција припомогната од АРМ, а УЧК прегазена.

Ова парче од историјата нека служи како потсетник за едно време, време кое никогаш нема да биде заборавено, време кое одзеде многу македонски животи и остави многу семејства завиени во црнила.

ВЕЧНА СЛАВА НА ПАДНАТИТЕ ХЕРОИ!

Фејсбук објава на Македонски Бранители

Коментирај