На денешен ден е роден македонскиот цар Александар III Македонски

0
8677

На денешен ден е роден Александар Македонски. Македонскиот владетел, кој успеа да го освои половина свет, е роден е на 20/21 јули 356-тата година пред новата ера во градот Пела, Егејска Македонија.

БЛЕСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА

Zemja-Aleksandar-Makedonski

• Неговото воено дело, според кое е познат во целиот свет и поради кое два века подоцна е наречен Велики, се изучува во воените академии на сите држави

• Никогаш непобедениот Александар го применил моделот на мир на својот татко, но многу посуптилно. Тој три пати нудел мир, а четвриот пат уништувал

Најголемиот блесок на Македонија во античко време беше на 500- годишнината од основањето на оваа држава, во времето кога Александар Трети Македонски беше македонски цар и цар на светот. Македонија е основана во 825 година пред Христа кога Каран е инаугуриран за прв официјален македонски цар, не сметајќи ги претходните митски за кои има само преданија, а не и цврсти докази.

Атина е основана во 776, а Рим во 753 година пред Христа. Од тоа произлегува дека Македонија е најстарата држава во Европа, а била и најмоќната во предхристово време. Блесокот достигнат во времето на Александар се темели врз петвековната традиција во закономерното градење на државата и врз генијот на Филип Втори Македонски и на ненадминатиот, брзомислечки и луциден негов син, Александар.

НАЈДОБРИОТ ОД НАЈДОБРИТЕ

Alexander-the-Great

Александар Македонски е роден на 20/21 јули 356 година во македонската престолина Пела, на 20 години стана македонски цар; а почина во Вавилон на 13 (според некои на 10) јуни 323 година пред Христа. Неговото воено дело, според кое е познат во целиот свет и поради кое два века подоцна е наречен Велики, се изучува во воените академии на сите држави. Мнозина војсководци по него се обидуваа да го повторат тоа дело, од Цезер, преку Јустинијан Први, Наполеон Бонапарта до Хитлер. Ромеија (Византија) и Османлиското (турско) царство го применија системот на военото устројство и начинот на изборот на император -најдобриот од најдобрите.

Неупатените погрешно мислат дека Александровата војска, предводена од началникот на генералштабот Парменион, била само убиствена машинерија, која несопирливо урива с# пред себе. Моќта на тогаш најсовременото оружје е покажана во само десетина најголеми битки во кои се применети повеќето од 32-те новини во војувањето воведени од Филип и Александар (блиц-криг, фаланга, артилерија, оклопни коли, опсадни машини, понтон, алпинизам, тунелокопање, систем на врски и сигнализација, логистика, штабско планирање, квислинштво, специјална војна и друго, се разбира во обем и поим за тогашно време).

По угледот на својот татко, а врз основа на искуствата и од другите свои предци, Александар освоил повеќе територии и народи (племиња) со модел на мирот (т.е. придобивање за доброволно присоединување кон неговата империја) и со застрашување, отколку со оружјето.

Македонија на Филип Македонски била унија на кралства и кнежества под негова врховна власт. Филип со меч и со дипломатија го покорил целиот Балкан и извршил подготовки за походот на исток. Со од него наметнатиот договор за мир со покорените хеленските полиси, Филип нив ги обврзал на верност кон царот и врховната власт и подреденост на военото командување; давање даноци; квота на војници заедно со синовите на највидните првенци и нивна издршка; и учество во задушување на бунт на кој и да е од потписниците на мирот со царот. Договорот за мир бил наследен (иако царската титула не била), така што Александар, по изборот за цар од страна на Воениот совет, ја продолжил важноста со сите. Полисот Теба ги прекршил одредбите на мирот на мировните договори, дигајќи бунт, па Александар, со учество пред с# на соседните хеленски потписници на мирот, сосема го уништил за наук во иднина.

Никогаш непобедениот Александар го применил моделот на мир на својот татко, но многу посуптилно. Тој три пати нудел мир, а четвриот пат уништувал (Тир, Газа итн.). На доброволно приклучените кон него им давал релативна слобода и власт, та дури и поголеми територии отколку што имале претходно. Но, насекаде,без разлика, оставал свој благајник и свој командант со воен екипаж, иако се прогласувал за ослободител.

НЕИМАР НА ГРАДИТЕЛСКИ ДОБРА

Alexander-the-Great-1

Градел градови, патишта, тврдини, споменици и објекти што се светски чуда. Меѓутоа барал (а тоа го прифаќале сите во империјата) да биде нивен бог на земјата со името на највисокото нивно божество. Тоа со декрет го побарал и од хеленските полиси и сите го признале за свој бог, вклучувајќи ги и Лакедемонците (Спарта), кои лаконски се изјасниле: Ако сака, нека му биде! Не бил бог само на Македонците. Сите нив во Суза ги прогласил рамни на себе и, богот, издгинувајќи ги во роднини, пријатели и придружници. Но, и пред тоа, при настапот на војската кон Индија, пуштал напред да оди гласот дека доаѓа војска составена од богови!

Неимар на градителски добра, Александар, 22. официјален цар на Македонците, е и втемелувач на основните принципи на ООН денес. Тој во својата светска империја гледал обединет свет, допуштал државно устројство по сопствен избор, право на рамноправност на народите, нивна самобитност, почит на обичаите, традицијата, културата, јазикот, писмото, религијата, правната заштита на обвинетиот, одлучување на собир на преставници на народи и држави, заемна расна и национална толеранција и сл. Вовел и единствен монетарен систем со заедничка валута и, исто така, заеднички систем на одбрана и на безбедност (сега налик на ММФ, СБ, НАТО, ОБСЕ).

Во Библијата се спомнуваат 34 пати Македонија, Македонци, македонски, Александар и Филип. Критичките комплетни изданија на Библијата.

(1.МК 1-1) потврдуваат дека Александар, синот на Филипа, прв ги покорил Хелените (Грци). Тоа било на втори август 338 г. пред Христа кај Херонеја. Ропството траело 170 години, с# до свеченото објавување од римјаниот Паул Емилиј во Коринт во 168 г. пред Христа дека е ставен крај на македонскиот ропски јарем над Хелените, кое од нив било прифатено со воодушевување (соопштува Тит Ливиј).

Во Библијата пишува дека Александар излегол од земјата на Китим, што е друго име за Македонија. Според Битието (1. Мојсеева книга, 10, 1-4), Ное имал три сина: Сим, Хам и Јафет. (“Тоа се трите сина Ноеви, и од нив се насели целата земја”, 9,19). Јафет имал осум сина, меѓу кои Јаван. Јаван имал четири сина, меѓу кои е Китим. Така е кажано во родословот (пописот) на првите народи во светот. Ако е точно тоа за Китим (Китејци, Хетејци, Цетијци, Хетити), тогаш Македонците не се само библиски народ затоа што се спомнувани, туку и свет народ, како еден од првите.

Пишува: Спасе Шуплиноски за Македонска Нација

Коментирај