На денешен ден: 7 октомври 1946 започнува исполнување на заветот – пренесување на моштите на Гоце Делчев во Скопје

0
652

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 7 ОКТОМВРИ 1946, ЗАПОЧНУВА ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА МОШТИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО МАКЕДОНИЈА

ЗАВЕТ

1906

Три години по загинувањето на Гоце, војводите Михаил Чаков и Таската Серски една ноќ одат тајно во селото Баница во Егејскиот дел на Македонија и ги откопуваат коските на Делчев. Ги потопуваат во шпиртус, ги ставаат во сандак и ги положуваат кај олтарот на црквата во село Баница. Го задолжуваат клисарот Никола да ги чува коските.

1919

За време на Балканските и Првата светска војна, селото Баница трипати е запалено, а еднаш е палена и црквата, но олтарот и сандакот со моштите на Гоце останале неоштетени. За да ги зачува коските, Михаил Чаков повторно оди во селото, ги зема моштите и ги пренесува тајно во куќата во која живее, каде во подрумот ги чува 4 години.

2 август – Илинден 1923 година

Film-od-Arsenij-Jovkov-za-prenos-na-moshtite-od-Goce-Delchev

Ковчегот со посмртните останки на Гоце по 4 години е изнесен од куќата на Чаков и однесен да се чува во просториите на „Илинденската организација“ во Софија.

Илинденската организација во Софија била организација на македонските револуционери – емигранти, кои биле следбедници на идеалите на Гоце Делчев за независна македонска држава.

Пред ковчегот да биде изнесен од домот на Чаков, на него е запишан следниот ЗАВЕТ:

„Ги заколнуваме идните поколенија, светите коски да бидат погребани во идната столица (главен град) на независна Македонија. Август 1923, Илинден“.

Goce-Delcev-posmrtni-ostanki-zavet

Пренесувањето на коските на Гоце во просториите на „Илинденската организација“ во 1923, е документирано и снимено со камера од македонскиот револуционер и публицист Арсениј Јовков, во документарниот филм „Македонија“.

Филмот набргу ќе биде забранет од бугарските власти, а една година подоцна во 1924 Арсениј Јовков е заклан по наредба на бугарскиот џелат Ванчо Михајлов.

1946, Октомври

Веднаш по завршувањето на Втората светска војна, Македонија бара од Бугарија коските на Гоце да бидат пренесени во Република Македонија.

Предавањето на моштите на Гоце Делчев е одобрено од тогашниот бугарски претседател Георги Димитров, кој по потекло е Македонец од Пиринска Македонија.

Македонците во знак на почит, три дена (7, 8 и 9 Октомври) пешки го носат ковчегот од Софија преку Пиринска Македонија, Струмица, Штип до Скопје.

Goce-Delcev-posmrtni-ostanki-Skopje

На 10 Октомври Гоце Делчев е погребан во кругот на старата скопска црква Свети Спас.

Заветот е исполнет и коските на Гоце се донесени во Скопје – главниот град на единствениот слободен дел на Македонија.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ВОЈВОДО!

Фејсбук објава на „ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН“

Коментирај