НА БУКВАТА, НА БУКВАТА Т: СЈО покрена 17 обвиненија против 94 физички и 7 правни лица

0
1066

Специјалното јавно обвинителство денеска на прес-конференција соопшти дека подигнало 17 обвиненија за 18 предмети против 94 физички и седум правни лица.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека се обезбедени цврсти и обемни докази за злоупотреби на службена положба, кршење на закони за јавни набавки и други кривични дела. Јанева рече дека е уверена оти пред судовите ќе докажат дека сите осомничени од СЈО се одговорни за делата.

За случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, Јанева истакна дека нема обвинение, но истрагата ќе продолжи. Посочи дека временските рокови не биле доволни за СЈО да ја заврши истрагата за овој случај.

Специјалното јавно обвинителство досега подигна три обвиненија и тоа за случаите за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, за нарачаното насилство во општина Центар, и за случајот „Транспортер“ во кој осомничен е битолскиот градоначалник Владимир Талески.

SJO-predmeti-vo-kutii

За сите други случаи за кои беше отворена истрага во изминатите 18 месеци од функционирањето на СЈО ќе биде поднесено обвинение. Сите досегашни случаи на СЈО започнуваа на буквата „Т“: „Титаник“ , „Таргет“, „Тврдина“, ,„Тенк“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Трезор“, „Тортура“, „Тендери“, „Тарифа“, „Труст“, „Табла“, „Триста“, „Тотал“, „Тифани“, „Топлик“, „Тревник“…

Новите обвиненија за случаите за кои беше отворена истрага СЈО ги покренува на еден ден пред истекот на законскиот рок за поднесување обвиненија.

Коментирај