МВР за КУРИР: Едно лице повредено во престрелката во Маџари, приведени двајца (ФОТО)

0
520

Едно лице е повредено во престрелката која претпладнево се случила во скопско Маџари, а две лица се приведени, информираат од Министерството за внатрешни работи за КУРИР.

-Пријавено е пукање околу 11 часот на улица „Благој Стефковски“. До сега имаме пријавено едно повредено лице, а имаме и двајца приведени. Наши екипи се на терен и го расчистуваме случајот, велат од МВР за КУРИР.

Инаку, според неофицијални информации, во инцидентот учествувале две семејства кои од порано имале нерасчистени сметки, а престрелката продолжила и по околните улици па неколку од куршумите завршиле и во возила на случајни минувачи.

slika-kurir2

Извор/фото:kurir.mk

Коментирај