МВР тврди: Користењето на службеното возило од страна на Димовски е заради службени задачи

0
746

Министерството за внатрешни работи преку соопштение се огласи во врска со објавата на „Независен“ дека првиот човек на единицата „Алфи“ со службено возило заминал на викенд во Охрид.

-Во врска со информациите кои излегоа во некои медиуми за наводо прекршување на Наредбата за користење на службени возила во МВР, Ве информираме  дека Примислав Димовски –началник  на Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА согласно Наредбата,  а во врска со Правилникот за распределба , користење ,одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи има право на 24 часовно користење на службеното возило.

МВР е запознаено со движењето и користењето на возилото во дадениов случај  од страна на началникот и Ве информираме дека истото е направено заради извршување на службени задачи, се вели во соопштението на МВР.

Извор:kurir.mk

Коментирај