МВР го води за исчезнат, а тој живее во Велешко и си создал семејство?

0
910

Поради големата паника која се јави кај јавноста по неколкуте исчезнати лица во Македонија, Курир започна детално и обемно истражување во оваа насока.

Анализата на КУРИР покажува дека не е позната судбината на 132 исчезнати лица од Македонија за периодот 2014-2018, бидејќи на интернет страната на МВР објавени за исчезнати се само 64 лица.

МВР во најновото соопштение вели дека не постои тренд на пораст во исчезнувањето, како и дека реализацијата на пронајдени лица во изминатите 5 години е од 94 проценти.

МВР информираше дека во периодот од 2014-2018 пронајдени се 1876 лица од 2008 пријавени исчезнати. Нема податок од полицијата колку од овие лица биле пронајдени починати, а колку живи. Дополнително, останува бројката од 132 лица за периодот кој МВР го наведува, а на кои се уште не им е позната судбината.

Не е познато ниту колку од овие се уште исчезнати 132 лица за овој петгодишен период, се објавени на интернет страната на Министерството во делот на „Исчезнати лица“. Иако МВР во соопштението наведува дека на нивната веб страница може да се проверат „СИТЕ ПОДАТОЦИ И СИТЕ АКТУЕЛНИ СЛУЧАИ НА ИСЧЕЗНАТИ ЛИЦА“, реалноста е поинаква.

На интернет страницата на МВР објавени се само 64 исчезнати лица. Меѓу нив и едно младо момче кое се води за исчезнато од 2017 година.

Со едно обично пребарување на интернет, Курир дошло до информација дека момчето Н.Д. по кое државата, наводно трага веќе втора година по ред.

Момчето кое е родено во 1997 година, исчезнува на своја 20-годишна возраст. МВР како официјален датум за неговото исчезнување го води 21.04.2017 година.

Неговата фотографија, име и презиме, датум на раѓање и исчезнување, си стојат на сајтот на МВР и денес, кога граѓаните секојдневно ја губат довербата во безбедноста на државата.

КУРИР дознава дека ова момче е пријавено за исчезнато пред скоро две години, но во меѓувреме тој слободно си живее, работи, се оженил и си добил детенце.

Најзагрижувачки во ова е фактот што ако некој навистина го барал – ќе го најдел!

Момчето живее во село во близнина на Велес. Во 2018 година добило и детенце, а според истражувањето на Курир, комшиите велат дека живее таму многу години, не забележале дека некое време бил исчезнат.

Не стапиле во контакт со момчето, но повеќе од сигурно тој и неговата избраничка не се кријат.

Доста се активни на својот заеднички профил на Фејсбук, а и “исчезнатиот“ има свој профил, но го води под псевдоним, а не со полното негово име.

Според неофицијални информации на Курир, момчето е прогласено за исчезнато оти не можеле да го најдат дома за да му врачат некоја покана за на суд, а неговите тврделе дека го нема.

Коментирај