МВР: Едно лице е убиено во престрелката пред штабот на ДУИ

0
567

Министерството за внатрешни работи потврдува дека во вооружениот инцидент кој попладнево се случи во Мала Речица, едно лице го загуби животот.

Полицијата добила пријава за пукање од огнено оружје во селото, по што полициски екипи излегле на местото на настанот, при што пронајдени биле чаури и траги од крв.

Од Клиничката болница во Тетово ја информирале полицијата дека кај нив биле донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.

Од МВР велат дека во врска со случајот приведени се две лица и се работи на негово целосно расчистување.

Дел од албанските медиуми јавуваат дека вооружениот инцидент се случил помеѓу две ривалски групи на политичката партија ДУИ. Спротивставените страни се сретнале пред партиското седиште, по што започнала вооружената пресметка. Неофицијално групите биле од Скопје и Куманово.

Весникот на албански јазик Коха, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека убиениот е Наип Реџепи од Куманово.

Коментирај