МВР со детали за вооружениот грабеж на патарина

0
543

Во СВР Скопје утрово во 4:15 часот било пријавено дека на наплатната рампа „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Инаку, како што дознава КУРИР две наоружани лица со фантомки на главата извршиле грабеж на патарината и ги држеле вработените во заложништво.

КУРИР дознава дека во овие насилни моменти еден од вооружените крадци ги стопирал возилата кои се обраќаат на таа линија, а другиот со вперен пиштол кон главата на вработените барал пари.

Насилничката драма не запрела тука, крадците започнале и да ги кршат и вратите на кабините во кои биле вработените за да и од таму земат пари.

По грабежот тие се качиле на мотор кој бил паркиран и избегале во правец на Скопје.

Вработените потресени и револтирани бараат надлежните да преземат нешто за поголема безбедност на нив и нивните животи, а досега никој не ги заштитувал и обезбедувал вработените.

Вооружен филмски грабеж на патарина: Животот на вработените во опасност

Коментирај