МВР со детали: Стојановска со своја картичка платила апартман во Шпанија и земала 10.000 евра од непознато лице (ВИДЕО)

0
1620

Министерството за внатрешни работи објави детали и видео за големата акција на швepц на 700 килограми кoкaин во која беше уaпсeнa македонската актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг. Од МВР велат дека Стојановска е дел од групата која швeрцувaлa кoкaин од Колубија во Шпанија, а лидер и организатор бил сопругот Војислав Будисављевиќ.

Македонската актерка, според сознанијата на полицијата на Македонија и на Шпанија кои заедно ја работеле акцијата подолг период, за потребите на нејзиниот сопруг резервирала апартман во Шпанија и го платила со своја картичка, но и зела 10.000 евра од непознато лице.

За швepцот бил ангажиран и неговиот брат, кој е резидентен жител на Белгија, бидејќи Будисављевиќ има забрана за патување во земјите на ЕУ.

Инстукциите и начинот на швepцот бил договаран на директни средби во многу градови вклучувајќи го и Скопје, но и преку интернет-комуникација со висока заштита.

За транспортот на дpoгaта биле исплатени 850.000 евра.

Акцијата ја работеле полициски штабови во Скопје и Мадрид.

-С.С. по инструкции на сопругот направила резервација на апартман и го платила со сопствена картичка и отпатувала во Шпанија и подигнала 10.000 евра од НН лице. Во симултана операција лишување од слобода истовремено се уaпceни лица во Шпанија и Скопје и било запленето комбе со 700 килограми кoкaин, појасни министерот Оливер Спасовски.

За сите е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со нepкoтични средства и сите имаат притвор. На Стојановска ѝ е одреден 30-дневен куќен притвор.


Извор: Лидер.мк

Коментирај