МВР со детали по пријавата за бомба во ТВ Сител

0
108

Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во 21 часот било пријавено дека непознато лице се јавило во телевизија „Сител“ и кажало оти во студиото има подметнато експлозивна направа.

На местото на настанот се упатиле полициски службеници и екипи од Единицата за антитероризам, по што била извршена евакуација на вработените.

– По извршениот преглед и увид било констатирано дека се работи за лажно пријавување, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

loading...

Коментирај