Музејот на македонската борба на удар, се преиспитува оправданоста на неговото постоење

0
432

Министерството за култура соопшти дека работна група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ – „Музеј на ВМРО” и „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим” одржала состанок и го извршила првиот директен увид во објектот.

Од Министерството информираат дека работната група остварила средба со раководството, извршила првичен увид во музејската поставка и прибавила дел од неопходната документација потребна за подготовка на детална анализа за овој музеј.

Работната група во состав д-р Александар Литовски, претседател, д-р Донка Барџиева Трајковска, д-р Елеонора Петрова, Златко Теодосиевски, м-р Гордан Николов и Жарко Трајановски, членови ќе има задача да изврши увид во целокупната документација поврзана со одлуката за основање и изградба Музејот, да изврши увид во целокупната документација поврзана со начинот на прибирање и откуп на музејскиот материјал, да направи проценка на музејската збирка, да изврши евалуација на начинот на експонирање на музејската збирка и пропратниот илустративен материјал, како и евалуација на начинот и условите на чување на музејскиот материјал, стои во соопштението.

По разгледување на целосната документација и состојба, работната група ќе изработи елаборат за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ – „Музеј на ВМРО” и „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим”.

Коментирај