Муцунски: Убеден сум дека мојата генерација политичари ќе доживее оваа држава повторно да се вика Македонија

0
711

Во „Топ Тема“ вечерва гостуваше , меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски,кој рече дека доколку обезбедат двотретинско мнозинство, ќе пристапат кон уставни измени.

Навистина е различен ставот меѓу ВМРО и СДСМ. Имаме различно толкување на тоа што значи национални интереси. ВМРО ДПМНЕ смета дека Договорот е навределив, но факт е дека истиот е ратификуван. Ние можеме да ги смениме негативните импликации од Договорот ако освоиме двотретинско мнозинство. Велам дека доколку ние имаме двотретинско мнозинство и Бадентерово мнозинство ќе пристапиме кон уставни измени. Јас сум убеден дека мојата генерација на политичари ќе го доживее моментот оваа држава повторно да се вика Република Македонија, вели Муцунски.

Коментирај