Мусака од модри домати

0
983

Состојки:

  • 5 модри домати
  • 1 кромид
  • 250 гр. мелено месо
  • 2 домати
  • 2 пиперки
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици доматно пире
  • сол
  • црн бибер
  • 1 чаша вода

Подготовка:

Модрите домати (5 парчиња) исечете ги на тркалца, посолете ги и оставете ги да отстојат за да излезе горчливиот сок од нив. Потоа измијте ги, исушете ги и испржете ги во маслиновото масло (3 лажици). Откако ќе ги испржите ставете ги на хартија за да излезе мрснотијата од нив. Меленото месо (250 гр.) пропржете го во маслиновото масло заедно со кромидот (1 глава) и сецканите пиперки (2 парчиња). Штом месото ќе омекне, додадете го доматното пире (2 лажици), и постојано мешајте ја смесата 3-5 минути. Посолете и зачинете со црн бибер. Откако ќе го направите тоа додајте ги доматите (2 парчиња), кои што сте ги потпекле, излупиле и исецкале на парчиња. Мешајте во садот уште 3-4 минути.
Во тава за печење најпрво наредете модари домати па смесата со мелено месо пак модари домати па мелено месо. Последниот дел (површината) треба да биде мелено месо. Ставете вода (1 чаша). Мусаката се пече во рерна додека течноста ќе изврие.

 

На здравје!

 

Коментирај