Мусака со модри домати, мелено месо и моцарела

0
501

Состојки: 

  • 4 модри домати
  • 600 гр. мелено месо
  • 1 кромид
  • 4 чешниња лук
  • 800 гр. домати
  • 50 гр. доматно пире
  • 300 гр. моцарела
  • 100 гр. пармезан
  • 2 парчиња босилок
  • 1 лажиче црн бибер
  • сол

Подготовка:

Модрите домати измијте ги, исечете ги на парчиња со дебелина од 1 сантиметар и посолете ги. Оставете ги половина час за да го пуштат нивниот горчлив сок и потоа темелно исплакнете ги. Намачкјте ги со масло, ставете ги во тава, покријте ги во фолија и печете околу 20 минути додека да омекнат.

Во тоа време кромидот (1 глава) исечете го на мали коцки и пржете го во загреано масло, заедно со мелениот лук (4 чешниња). Штом ќе омекне додадете го меленото месо (600 гр.) и мешајте додека месото не биде добро испржено.
Потоа додадете ги доматите од конзерва, заедно со нивниот сок (800 гр.) и доматното пире (50 гр.). Сосот зачинете го со сол и црн бибер (1 лажиче) и оставете го да врие на тивок оган околу 20 минути или додека речиси целата течност не испари.
Штом смесата со мелено месо е подготвена, печените модри домати наредете ги на дното на правоаголен плех и штом ќе го покриете дното, ставете од смесата со меленото месо и доматите. Следува ред моцарела и уште еден ред модар патлиџан и повторно месо. Повторувајте ја оваа постапка се до потрошувањето на сите состојки. Важно е да се заврши со ред модри домати.

На крајот мусаката посипете ја со моцарела и рендан пармезан (100 гр.) и ставете ја во рерна на температура од 180 степени. Печете околу 40 минути.

Мусаката со модри домати, мелено месо и моцарела се сервира топла и украсена со свеж босилек.

На здравје!

Коментирај