Мурињо за Светското во Русија: Шпанија е фаворит, Португалија без Роналдо нема шанси

0
460

Фудбалскиот свет со нетрпение го очекува Светското првенство во Русија кое започнува за нешто повеќе од еден месец.

Сезоните скоро во сите фудбалски лиги се пред завршување и вниманието полека се насочува кон Русија. Во интервју за англиските медиумите менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека Шпанија според него е најголемиот фаворит за трофејот.

„Верувам дека Шпанија повторно има голем тим. Способни се за голем подвиг, според мене тоа е селекцијата која е во најдобра форма од сите европски селекции. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мурињо кој потоа зборуваше за Португалија и значењето на Роналдо за оваа селекција.

„Португалија има интересна екипа. Без Роналдо не би имале никакви шанси за освојување на Мундијалот, но кога го имате него во тимот се е можно. Тука е Аргентина која без Меси е еден просечен тим, но со него се фаворити. Не смееме да го заборавиме и Бразил кој изглеа поспремен од било кога“, изјави Мурињо.

Коментирај