Мурињо уште верува дека може до трофејот во Премиер лигата

0
253

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо смета дека неговиот тим се уште има шанса за титулата во Премиер лигата.

„Црвените Ѓаволи“ заостануваат 11 бода зад градскиот ривал и лидер на табелата Манчестер Сити.

– Ако трката за титулата беше завршена, јас веќе ќе бев на одмор во САД или во Бразил. Се ќе се знае дури во мај, изјави Португалецот.

Јунајтед синоќа го победи Борнмут со 1:0 со голот на Ромелу Лукаку.

Коментирај