„Мундо депортиво“ открива, Кристијано Роналдо е добитник на „Златната топка“

0
380

Следниот понеделник и официјално ќе го дознаеме добитникот на наградата „Златна топка“ за која се номинирани Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Антоан Гризман.

Сепак, утрово шпанскиот медиум „Мундо депортиво“ пишува дека победникот веќе е познат и дека Реал Мадрид и Кристијано Роналдо добиле информација дека токму Португалецот е освојувач на оваа награда.

Преостануваат уште неколку дена за да дознаеме дали шпанскиот медиум е во право. Овогодишната церемонија ќе се одржи во Париз, а не во Цирих како што беше во последните години, заради прекинатата соработка меѓу ФИФА и „Франс фудбал“.

Коментирај