МТВ се понуди да го организира ТВ дуелот меѓу Заев и Мицкоски

1
435

Македонската телевизија денеска ги покани на ТВ-дуел претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според уредникот на Информативната програма на МТВ, Стојан Трпчевски, двајцата лидери би разговараче за прашањата поврзани со актуелната политичко-економска состојба во земјава.

ТВ-дуелот би се реализирал во Македонската телевизија, а терминот би се утврдил во координација со кабинетите на двајцата соговорници во зависност од нивните активности, се наведува од МТВ.

Мицкоски, синоќа, по завршувањето на седницата на партискиот Централен комитет, излезе со барање за ТВ дуел со премиерот Заев, на што веќе утринава Владата, преку портпаролот Миле Бошњаковски, експресно одговори дека дуелот е можен во секое време и на секое место.

1 Коментар

  1. […] Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски, кој го покани претседателот на СДСМ и воедно претседател на Владата, Зоран Заев, на ТВ дуел за отворено да зборуваат за името на нашата држава му предлага да се сретнат следната недела, в среда во 20.00 часот на јавниот државен сервис Македонска телевизија. […]

Коментирај