МРТ распиша јавен оглас за композиции за „Евровизија“

0
306

Македонската радио-телевизија распиша јавен повик за избор на песна за Евровизија. Организаторите овој пат решија најпрво да ја изберат песната, а дури потоа изведувачот што ќе ја претставува Македонија на „Евровизија“ во Лисабон.

МРТ ги поканува авторите и музичките продуценти од Македонија и од странство да достават песни во демо или во финална верзија на [email protected] или на адреса: Македонска ради-телевизија, бул.Гоце Делчев бр. 18, 1000 Скопје, Р Македонија, со назнака „ЗА ЕВРОСОНГ 2018“.

Врз основа на избраната песна Македонската телевизија песната ќе ја предложи на изведувач или група изведувачи за кои сметаат дека ќе можат најдобро да ја исполнат на евровизиската сцена.

Повикот ќе биде отворен до 8 февруари.

Коментирај