Можно ли е зголемување и задебелување на пенисот?

0
4458

Ретко ќе најдете маж кој ќе зборува за ваков „проблем“, доколку го има. Мала е бројката на оние што се одлучуваат на ваков потег. Меѓутоа, со достапноста на информациите на интернет, работите полека се менуваат. Мажите се заинтересирани за оваа постапка поради физички и психо-емоционални причини. Обично целта на пациентите не е само да ја зголемат самодовербата , но и да се справат со проблемите поврзани со сексуалниот живот.

Што претставува операцијата?

Продолжување
Продолжувањето на пенисот е можно благодарение на фактот дека не мал дел од него е скриен во внатрешноста на телото. Оперативната техника која се користи за продолжување на машкиот полов член, вклучува инцизија со димензии 4-6 сантиметри во набори помеѓу пенисот и телото. Суштината на постапката е токму во тоа – дел од телото на пенисот да биде извадено надвор. За време на операцијата за зголемување на пенисот се врши делумно сечење на врската која го држи пенисот кон срамната коска. На овој начин се додадаваат до 5 сантиметри кон должината на половиот орган.

Задебелување
Задебелувањето на членот се врши преку инјектирање на сопствено масно ткиво (липофилинг). Масното ткиво се зема по методот на липосукција, се обработува на посебен начин и се внесува во телото на пенисот. Така се постигнува посакуваното зголемување на пенисот. Овој метод не е постојан, бидејќи масното ткиво се апсорбира од страните на телото и ефектот од него исчезнува. Полоша опција е масното ткиво да остане во форма на јазли кои силно го искривуваат пенисот.

За добар резултат и максимално природен изглед од најголемо значење е правилната техника на инјектирање. Инјектирањето на силикон и парафин во пенисот е апсолутно недозволиво и забрането. Ова може да доведе до трајно оштетување на половиот орган, бидејќи отстранувањето на овие супстанции е невозможно, а тие водат до хронични воспалителни процеси.

Што да очекувате по операцијата?

Закрепнувањето поминува во 3 фази:

1-ва фаза: Првите три дена по операцијата е можно да чувствувате печење и непријатност, чувство за распнување на кожата на пенисот.

2-ра фаза: Помеѓу 4-тиот и 7-миот ден непријатностите би требало да исчезнат.

3-та фаза: Не се препорачува секс барем во наредните 3-4 недели. Контролните прегледи траат седум дена. Конците се вадат по 10-12 дена.

Се смета дека целосното заздравување е во рамките на 30 – 90 дена од операцијата. Сврзното ткиво, кое се формира околу пенисот, ја зголемува својата издржливост до 6-тиот месец од операцијата. По можност контролните прегледи се вршат на секои 30 дена.

Ризици
Аголот на ерекција по операцијата може да се намали и еректираниот пенис да биде свртен надолу.

Половиот акт е непријатен и нестабилен – откако раната ќе зарасне целосно, мажот може да забележи дека неговиот пенис не стои толку стабилно како порано. Ова се случува затоа што функцијата на тетивите е да го придржуваат пенисот во позиција. При релаксирана состојба тоа не е проблем, но при ерекција пенисот нема потпирач и се движи доста слободно. Ова го зголемува ризикот од добивање на фрактура за време на секс.

Може да се намали чувствителноста, ако при операцијата случајно бидат погодени важни нерви. Не е исклучено да има недостижна ерекција или болна ерекција.

Коментирај