Можно ли е да сакаш двајца?

0
1661

Тој е неверојатен љубовник! Еден допир и нозете ми се потсекуваат, еден бакнеж и колената ми попуштаат, а сексот со него …вистинска зависност.

А другиот – тој е фантастичен човек. Со него целиот свет добива нова смисла – можеме да зборуваме со часови, тој ме разбира, не, тој како да влегува во моите мисли. Како го прави тоа? Секогаш знае што сакам, што ми треба тоа и ми го дава … А сексот? Сексот всушност воопшто не е лош. Но не ми делува како дрога. А јас сакам да бидам опијанета! Не можам да се откажам од својата страст, не можам да се откажам и од сродната душа – затоа ги избирам и двете, па што сака нека биде…

Да седиш на две столици. Зарем ова е можно? И зошто, по ѓаволите, совршен маж не постои?

Сте се прашале ли вие некогаш за овие работи? Тоа се оние прашања кои немаат одговор и колку и да ја бараш логиката, едноставно само се препушташ на емоциите.

И ако тие се раздвојуваат, зар тоа е толку лошo? Ако си со двајца истовремено се смета за табу, особено ако си жена. Ако ги прашаш психолозите сепак, тие ќе ти кажат дека тоа дури е многу добра основа за да се изгради една вистинска врска. Паралелните страсти на почетокот на една врска можат да ти дадат „потрезен“ поглед врз твоите односи со другиот. Така ќе ги процениме неговите предности и негативности пообјективно.

Можно ли е сепак неверството да биде „здраво“ ако се случи во подоцнежна фаза од врската? Дури и навистина да ги сакаш и двајцата, сепак тоа е сигурен знак дека нешто ти недостасува. Во ваков случај сигурно е дека ќе има и повредени, освен ако и тројцата се тотално нечувствителни а тоа некако не се врзува со човечката природа.

Коментирај