Монструмот Фета се заканува со тужби кон медиумите кои ја објавија неговата монструозност

0
271

Советникот во Собранието, Фуркан Фета, кој се радуваше на смртта на Академик Блаже Ристовски, преку адвокат ни се заканува со тужба оти сме објавиле дека на фејсбук пишал “Конечно цркна.” за господинот Ристовски.

Неговата адвокатка доби ваков третман од моја страна. Не можам да постапам различно. “Економски Лидер” само пренесе што кажал Фета и имаме целосна правна поткрепа, напиша главниот и одговорен уредник на ,,Лидер”.

Лицето Фуркан Фета, вработен како советник во Собранието на Република Македонија според објавата на социјалните мрежи е еден од оние кои не можеа да ја сокријат личната среќа од смртта на академик Блаже Ристовски.

Тој во реакција на веста за смртта на академикот напишал “Цркнал конечно”.

Со тоа Фета ги прекршил и моралните кодекси но и кодексот за однесување во јавноста на вработените во админиатрацијата.

Ова особено важи за законодавниот дом чие раководство мора да покрене процедура за утврдување на прекршување на правилата на однесување и за говор на омраза на социјалните мрежи.

За говор на омраза по допрен глас може да реагира и Јавното обвинителство.

Извор:lider.mk

Коментирај