Монструмите од Смилковско Езеро денеска повторно пред судот

0
137

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во Скопје на 12 април 2012 година.

На минатото рочиште од повторното судење за овој предмет, што се одржа на 12 февруари, беше прочитан обвинителниот акт. Обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со кој обвинетите се товарат за тероризам. Тој прочита само едно од обвиненијата за случајот.

Адвокатот Насер Рауфи забележа дека било прочитано првичното обвинение од 26 октомври 2012 година, но не и тоа за Сами Љута кое во претходниот судски процес беше споено со обвинителниот акт за Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири.

По забелешката на адвокатот, новиот Судечки совет составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, го прекина рочиштето и продолжението на судењето го закажа за денеска.

На обвинителна клупа на минатото рочиште беа четворица обвинети, додека првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои има меѓународни потерници со години се во бегство во Косово.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство кај Смилковското Езеро, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

По укинувањето на пресудите, Врховниот суд во декември лани ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За Судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

loading...

Коментирај