„Монструм“: Се прикажуваат докази обезбедени со ПИ мерките, јавноста исклучена

0
328

Со внесување на исказите на родителите на жртвите и другите материјални докази во записник за главен претрес почна денешното рочиште за предметот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година. Постапката продолжи со прикажување на доказите обезбедени со посебни истражни мерки при што, судијата Огнен Ставрев ја исклучи јавноста.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО. (МИА)

Извор: Курир.мк

Коментирај