МОН потсетува: Без уреден здравствен картон, нема упис во училиште

0
222

Родителите на децата кои треба да се запишат во основните училишта до 31 август треба да достават потврда дека детето ги примило сите вакцини. Без пополнет вакцинален картон,детето нема да биде запишано на училиште, потсетуваат од Министерството за образование и наука.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат од септември ќе го проверува вакциналниот статут на сите ученици, не само на првачињата. Според податоците на Институтот за Јавно здравје во Македонија околу 8.000 деца немаат примено МРП вакцина.

Коментирај