Моќен тајфун се приближува кон Токио

0
47

Моќен тајфун, наречен Шаншан, проследен со силен ветер и поројни дождови, се приближува кон Токио и се закнува да ги погоди реоните североисточно од јапонскиот главен град, каде живеат над 100.000 лица.

Поради наближувањето на Шаншан откажани се околу 160 летови од аеродормите во пацифичкото крајбрежје и се спроведува евакуација на населението од реоните кои се очекува да бидат изложени на директен удар на тајфунот.

Тајфунот е регистиран денеска во 21 часот по локално време (14 часот по средноевропско време) на 200 километри југоисточно од Токио. Се очекува тој да стигне до јапонските острови утре во претпладневните часови по локално време.

Јапонската метеоролошка служба информира дека во жариштето на Шаншан дуваат ветрови со јачина од 180 километри на час.

– Шаншан се движи споро, што значи дека поројните дождови во една област може да траат доста долго, се наведува во соопштението на службата, која предвидува дека може да наврне и до 300 милилитри дожд.

МИА

Извор:Курир

Коментирај