Модерни и практични капи 2017/2018 година

0
319

Како што вашата коса може да ги промени карактеристиките на вашето лице така и капата има ист ефект. Оваа година имаме многу опции за избор, но секогаш најдобар избор за нас би била онаа капа која би била практична, удобна и убава во исто време.

Француска беретка
Еден од највисоките трендови за зимските капи 2017-2018 година е француската беретка. Покрај тоа што е модерна и служи како убав додаток исто така ја заштитува главата од студ.

Плетена капа
Плетените капи се практични, со многу забавни дизајни и во различни бои. Тие се топли, стилски, апсолутно модерни и можат да се најдат насекаде во продавниците.

Капа со натпис
Капите со дизајнерски логоа исто така се наоѓаат на првите трендовски места за 2017/2018 година. На капите исто така е модерно да се прикажуваат одредени „пораки“. Ако остатокот од вашата облека не е доволно експресивен, капата е дефинитивно добра опција за да бидете „слушнати“.

Мека капа
Еден од најголемите трендови презентирани на модните подиуми е големата мека крзнена капа од волна или кашмир. 

Коментирај