Модерен, моќен и мотивирачки: „Атлетичарот“ е ударниот изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на кампањата

0
583

Подигнато е нивото во предизборните кампањи во Македонија. Вакви се првичните реакции откако публиката имаше прилика да го погледне „Атлетичарот“ премиерно минута по полноќ на националните тв концесионери со што ВМРО-ДПМНЕ го означи почетокот на кампањата.

Спотот е оригинален, позитивен и епски. ВМРО-ДПМНЕ најави позитивна кампања која ќе се одвива под слоганот „Знаеш што е подобро, за тебе, за Македонија“, но пријатно изненади со атрактивниот и модерен ударен спот.

Според виденото во овој спектакуларен епски спот, кампањата на владеачката партија ќе биде најмоќната и најдобрата досега.

Погледнете го и сами „Атлетичарот“, приказната за патот на еден човек низ сите препреки, приказна за неговата непокорливост и одлучност и за конечниот триумф на неговата идеја произлезена од неговиот ген и од љубовта кон Македонија.

Коментирај