МНТ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ: Од утре бесплатно гледајте претстави на YouTube – Ова е репертоарот

0
719

Од НУ Македонскиот народен театар (МНТ) попладнево преку својата официјална Фејсбук страница излезе со следново соопштение:

– Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас.

Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“.

Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн.

Претхоно, МНТ во вонредно известување извести дека до 24 март теататот нема да работи, а средствата за купените билети ќе ви бидат рефундирани по 24-ти март 2020 година:

„Почитувани, Ве известуваме дека поради засилените мерки за заштита на населението, како и превенција од понатамошно ширење на вирусот, согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија, билетарницата на НУ Македонски народен театар ќе биде затворена до 24-ти март 2020 г. Средствата за купените билети ќе ви бидат рефундирани по 24-ти март 2020 г.“

Коментирај