МНР до Коѕиас: Иредентизмот не е одлика на Македонија, тоа го очекуваме и од Грција

0
490

Не постои никаква основа за стравување во Грција од каков било македонски иредентизам. Истакнувањето на ваква перцепција е во функција на оттргнување на вниманието од реалното попречување на евроинтегративниот процес на Република Македонија, особено по Пресудата на Меѓународниот суд на правдата, од 2011 година.

Ова се наведува во реакцијата на македонското МНР по повод вчерашните изјави на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

– Од македонска страна, цениме дека во рамките на процесот за градење мерки на доверба, треба да се изнајде решение за сите извори на недоверба од двете страни. Иредентизмот не е одлика на Република Македонија, која континуирано се залага за регионална соработка. Цениме, дека истото треба да биде прифатено и од нашиот јужен сосед, се наведува во соопштението од МНР.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера за време на говорот за грчката надворешна политика во Стопанската комора на Атина порача дека Македонија не може да стане дел од Европската Унија се додека покажува иредентистички тенденции кон Грција околу спорот за името.

Коментирај