Младите на маргините – СДСМ ветуваше младинска гаранција, ништо од тоа не реализира

0
797

СДС кој ветуваше брда и долини за младите и студентите, уште веднаш им го сврте грбот и заборави на се што ги излажа. СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери, обвини претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а го одби СДСМ, предвидува редовните студенти од семејства чии месечни приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, а кои за прв пат се запишуваат во трета и четврта  година на студии на високо образовните установи во Република Македонија да добијат бесплатни компјутери.

– Дополнително бонови-ваучери во овој закон е предвидено да им бидат доделени на сите студенти кои се евидентирани како лица со посебни потреби а се запишани во било која година на студии на високо образовните установи во Република Македонија. Ова предвидува еден вид на продолжување на проектите кои ги спроведуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години во насока на подобрување на животот на студентите и младите во Република Македонија. Преку проектите за издавање на бесплатни ваучери кои беа спроведени од ВМРО-ДПМНЕ, 5.243 студенти им беше овозможено да земат бесплатни таблет компјутери, додека пак 28.319 студенти добија ваучери за набавка на персонален компјутер, истакна Нелоски.

Посочи дека СДСМ и после 100 дена откако управуваат со Владата, не само што не отпочнаа ниту еден корисен проект за младите и државата, туку  нанесоа и неизмерна штета.

– СДСМ лицемерно од една страна ветуваше поддршка и грижа за младите и студентите, а од друга страна крати финансиски средства наменети за нив. СДСМ со новиот буџет скрати 21 милион евра наменети за Министерство за образование со кој беше предвидено да се изградат нови средни училишта, нови основни училишта, нови спортски сали, нови универзитети, потоа да се изградат студентски домови, лаборатории и така натаму. Со ова, СДСМ уште еднаш го сврте грбот на младите и на студентите, потенцира Нелоски.

Според претседателот на УМС, токму затоа младите како и секогаш, така и овој пат беа извисени од страна на СДСМ. Тој додаде дека затоа на 15 октомври СДСМ ќе бидат казнети за сите лажни ветувања и лицемерни политики.

Сто дена лаги, неспособност, хаос и понижување

Сто дена партизација, кадровски дебакл, незаконско работење и уривање на институциите. Сто дена укинување и блокирање на проекти, економско тонење, задолжувања, неработење и непромислени и површни потези. Ова е тоа што го трпеше Македонија и граѓаните на Македонија изминативе 100 дена. Ова е тоа што Зоран Заев на прес-конференција полна со полувистини и голи фрази, свесно го премолча. Ова е резиме на начинот на кој што СДСМ владее.

– Младите луѓе беа измамени. Им ветуваа младинска гаранција односно понуда за работа по завршување на образованието, но тоа не се има случено. Наместо тоа, сега сме сведоци на обид за релативизација на тоа ветување, па наместо вработување по студиите, сега веројатно ќе одат со некоја понуда за пробна привремена практикантска работа, иако и тоа не е сигурно, потсети Груевски на суровата манипулација на СДСМ со младите.

Младинската гаранција ја ветуваше Радмила Шекеринска, заменик на Заев во партијата, а актуелен министер за одбрана.

Извор:Курир.мк

Коментирај