Млад судски полицаец си играл со пиштолот, случајно убил човек кој доаѓал на судење

0
543

Судски полицаец, кој најверојатно си играл со пиштолот, случајно убил 52-годишник пред Општинскиот суд во Власеница, Босна и Херцеговина.

Наводно, станува збор за млад полицаец кој неодамна почнал да работи во Судската полиција.

Тој седеше во портирница со останатите колеги и најверојатно играјќи си со пиштолот го погодил несреќникот, кој доаѓал во судот бидејќи имал судење, рекол очевидец за „Српска инфо“.

Ранетиот човек набрзо им подлегнал на тешките повреди, а судскиот полицаец бил уапсен.

Убиениот зад себе оставил три деца.

Извор:република.мк

Коментирај