Млад скопјанец излетал од патот и се превртел во река кај Св.Николе, тројца тешко повредени

0
285

На крстосницата од регионалниот пат Куманово- Свети Николе и исклучок од автопатот во изградба Штип-Миладиновци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(26) од Скопје, излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река.

Притоа, со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П.Ј.(25) од Скопје, А.М.(21) од Куманово и Х.И.(20) од Скопје. Со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип, по што П.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, а останатите биле задржани на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Извор: kurir.mk

Фото: Илустрација

Коментирај