Мицковски за СДСМ: Листава на пратеници е одлична како за внатрешен раздор т.е. продукт на тесно самоволие – Еј некад каква партија на какви кадри спадна

0
721

„Листава на пратеници баш личи ко да е правена со странски експерти. Вака на прв поглед делува одлична како за внатрешен раздор, односно, дека е продукт на тесно самоволие. Еј некад каква партија на какви кадри спадна“, стои во Фејсбук објавата на Ивор Мицковски откако СДСМ денеска на Конгрес ги објави своите пратенички листи.

„На БЕСА да и дадеш 9 места на листа во ИЕ 6, тоа значи дека во западна Македонија буквално немаш партија и твои луѓе. Сега веројатно тие 9 места се речиси сите во првите 10, што кажува дека тука ќе доживееш епски дебакл. Личи на тежок очај коалицијава со БЕСА“, пишува Мицковски во друга објава денеска.

Но, Ивор не е прв што е разочаран од понудата на СДСM, и членови на СДСМ се незадоволни од пратеничките листи на нивната партија. Со Фејсбук статуси и негативни коментари велат дека нема да излезат да гласаат за партијата на власт на изборите кои треба да се оддржат на 12 април.

ФОТО: Членови на СДСМ разочарани од изборот на пратеници – партијата требиТ да се запалит, не да се затворит! Бруки!

СДСМ ги објави пратеничките листи: Димитров и Царовска во „ќец“, Заев и Мираковска во „четворка“ (ФОТО)

Коментирај