Мицковски: Третманот на Димитриевски не кажува ништо добро за состојбите во СДСМ и уште помалку за лидерскиот врв во партијата

0
241

Поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил објави свој коментар и размислување за ситуацијата во СДСМ, откако беше соопштена веста дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е негативен на последниот текст на коронавирус:

„Максим Димитревски негативен на коронавирусот. Острацизмот, стигмата и третманот кој му го резервираа на кумановскиот градоначалник и довчерашен соборец од првите редови за време на настаните од 27 април, не кажува ништо добро за состојбите во СДСМ и уште помалку за лидерскиот врв во партијата.

Градоначалникот тврдеше и тврди дека има докази и сведоци дека барањето за посетата на Куманово дошло од самиот врв во Владата, односно од техничкиот премиер. Владата тоа остро го демантираше.

Сега, по најновиве сознанија, станува се поочигледно, дека некој од властите опасно лажел. Во некои други времиња се викаше дали политички ќе биде рехабилитиран, денес изгледа се вика: дали ќе му прости Господ?“

Кумановскиот градоначалник објави дека е негативен на КОВИД-19 – Дали некој од власта го местеше Максим Димитриевски?

Коментирај