Мицковски: Се повлекувам од функцијата советник во град Скопје, битката ја продолжувам како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

0
3285

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на советничката листа за Град Скопје, Христијан Мицковски си поднесе оставка од Советот на Град Скопје.

Почитувани сограѓани, браќа и сестри,
сведоци бевме на најлошо организираните избори во демократска Македонија од осамостојувањето до денес. Притисоци, уцени, закани, поткуп, насилство, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели и што ли уште не…, за жал не се свесни дека оваа рана што ќе ја остават позади себе многу тешко ќе зарасне ќе помине…, но борбата против овој ужас ќе, и мора да продолжи, тоа и го должиме на татковината.

Почитувани браќа и сестри дозволете ми да Ве информирам дека денес се повлекувам од местото советник во градот Скопје. Ми беше чест и задоволство што ја предводев градската листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија. Сакам да Ви се заблагодарам Вам драги мои сограњани што близу 100к го дадовте гласот за листата која ја предводев на последните локални избори. Продолжуваме понатаму со нашата борба против она што и го прави СДС на татковината и силно го тишти македонскиот граѓанин. Мојата битка против оваа власт продолжува во партијата/организацијата, како генерален секретар заедно со моите сопартици, и секако помеѓу клупите на Универзитетот.
Со почит…

ПС: “Најпрвин ќе те игнорираат, па ќе те исмејуваат, потоа ќе се борат против тебе, но ти на крајот ќе победиш” – напиша Мицковски на својот Фејсбук профил.

Коментирај