Мицковски: Почнаа да шетаат, кампања по улици… од тогаш имаме најмалку 40 починати и преку 500 заразени

0
228

Граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ, Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил сподели фотографија од графикон изработен од Инситутот за јавно здравје каде е претставена кривата со регистрирани случаи на корона вирусот за последните два месеца. Тој во врска со напиша:

„Ја гледате тоа дупката доле, епа тоа беше кога почнаа да зборат за избори, па си изработија и протокол од врата до врата, за митинзи и почнаа да шетаат кампања по улици. Од тогаш имаме најмалку 40 починати и преку 500 заразени, тоа онака, официјално. Ај, па памет во глава…“

Како што може да се види и од приказот за последните 60 дена (заклучно со вчера, 2 јуни), пикот претходно беше околу средината на април, кога еден еден (16 април) имаше регистрирано 107 случаи, по што следуваше значителен пад, но во последните неколку денови бројките забрзано растат и денеска се регистрирани нови 101 случај.

ОФИЦИЈАЛНО: Регистрирани се 101 нови случаи во 12 градови во Македонија, починаа четири лица

Коментирај