Мицковски: Партиите ќе си ја повратат својата диригирана охлократија – Кој ги врти докторите, науката и здравство

0
191

Сите си ја повратија власта уште во вонредна состојба. Кој ги врти и доктори, и наука, и здравство. Сите капитулираа пред политиката или се вратија на старото, кое сега инаку се вика „новото нормално“.

Уставен суд си ја врати власта. Управен суд си ја врати власта. Партиите си ја повратија преговарачката моќ и наскоро ќе си ја повратат и својата диригирана охлократија.

Нормалниот, обичниот, здраворазумскиот човек кој работи или кој страда, ќе си остане безгласна буква како и секогаш.

Фејсбук објава на новинарот Ивор Мицковски

Коментирај