Мицковски: Новинарската работа околу советнициве ви ја разголува празноќата и глупавоста на метлата

0
274

Новинарската работа околу советнициве всушност ви ја разголува празноќата и глупавоста на метлата, таа димна завеса за слепци. Каква метла ќе правиш ако се опкружуваш со општествениот шљам на оваа држава, со сите позери, крвници, клиенти, апаратчици и конвертити на пазарот. Тука покажуваш и им даваш насоки на другите дека само лојалноста и апологетството се наградуваат, дека немаш политичка волја за добра кадровска политика, и дека луѓето кои наводно те советуваат или глумат нешто дека работат, се алчни хиени кои работата за државата им е само плус начин како да заработат уште една плата – коментира аналитичарот и новинар Ивор Мицкоски, откако се откриени неколку имиња на „скандалозни советници“ кои ги има ангажирано премиерот Зоран Заев.

Мистериозен советник за ЕУ, новинар и водител на списокот советници на Заев

Извор:Република

Коментирај