Мицковски: Не важно дали прегласувале или не, не се важни ни диловите, ни силеџиството – Едвај чекам да ги видам производите на селективната правда

0
438

Откако за Законот за јавно обвинителство гласаа само 74 пратеници, а 32 пратеници гласаа против, Џафери противуставно и неделовнички го поништи гласањето за да обезбеди двотретинско мнозинство, со своја реакција на Фејсбук се јави поранешниот функционер на СДСМ и жесток критичар на власта, Ивор Мицковски.

Сега што е важно дали прегласувале или не. Сега не се важни ни диловите, ни силеџиството. Власта си оствари политичка победа, и со неа ќе си ја крои нашата и нивна иднина.

Кога немаш инструменти или знаење како тоа да го спречиш или промениш, ќе си молчиш и ќе си трпиш. Тоа била и ќе биде Македонија.

Едвај чекам да ги видам производите на селективната правда, стои во објава на Мицковски.

БЕЗ 2/3 МНОЗИНСТВО: На скандалозен и криминален начин со 74 гласаа „за“ донесен Законот за ЈО

Коментирај