Мицковски: Е, Зоки, епски лажове

0
220

Е Зоки епски лажове, абе овој, а отвори уста лаже, вели Ивор Мицковски додавајќи дека денеска на прес-конференција премиерот Заев се пофали дека фирмите на Кочо бележеле пад во профитот од 50 проценти.

Дека тоа што е активен во политиката, му штети на бизнисот, вчера се пожали и самиот Анѓушев, кој најави дека без разлика на исходот од изборите, после април се повлекува од функциите.

Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа не е само заради неучеството на тендерите, туку и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката во перспектива,рече Анѓушев во „Топ тема“.

Премиерот Заев, прашан за став за ваквата одлука на Анѓушев, денеска истакна дека ќе разбере ако Анѓушев сака да се посвети на своите компании.

Тој е повикан од коморите за овој мандат. Анѓушев е сопсвеник на сериозни фирми и ќе имам разбирање ако сака да се посвети на своите компании. Тој е одговорен политичар и верувам дека ќе ги завршиме работите, истакна Заев.

Извор: република.мк

Коментирај