Мицкоски: Заев во Тетово договарал прекројување на државата?

0
1036

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Топ Тема” на Телма телевизија, кажа дека неговата партија не била информирана од претходно дека СДСМ и ДУИ планираат да го менуваат Изборниот законик во делот за промена на изборниот модел.

Мицкоски кажа дека има информации дека Зоран Заев се сретнал со одредени лица во Тетово помеѓу двата изборни кругови се со цел да договори редефинирање на државата, односно прекројување на политичкиот систем во Македонија, па најверојатно идејата за промена на изборниот модел е никната на таа средба.

Лидерот кажа дека ќе понудат решение што ќе одговара на сите граѓани, а не на политичките партии, а предлогот ќе го достават до јавноста во наредниот период, откако ќе се анализираат сите опции.

Коментирај