Мицкоски до Заев: Следниот пат нема да ти суди Кацарска, туку независен судија ќе ти досуди казна каква што заслужуваш

0
1574

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од говорницата во Кавадарци денеска му порача на премиерот, Зоран Заев, дека по смена на власта ќе има ревизија на случаите Глобал и Поткуп, во кои беше обвинет Заев.

-И нема да ти суди Кацарска, туку ќе биде независен судија и обвинител, ќе ти досуди казна која ја заслужуваш. И тогаш ќе завршиме со минатото па ќе градиме европска иднина – рече Мицкоски.

Коментирај