Мицкоски: За разлика од СДСМ, ние сме со народот – нивниот „Прав пат“, е само бледа копија на нашата „Обнова за Македонија“

0
222

Обновата за Македонија трае повеќе од една недела. Никој одамна не ги слушнал маките и проблемите на граѓаните. Ние поинаку функционираме со оваа турнеја низ Македонија. Досега имаме слушнато повеќе од 10.000 проблеми на граѓаните. Најголем проблем овде во Ресен е откупот и пласманот на јаболкото, доцнењето на субвенциите, ветените, неисполнети  очекувања, доцнење на исплата на штетите, иселување на младите е акутен проблем на Ресенчани. Тешкиот живот, беспарица, безработица се дел од проблемите. Има и специфчни проблеми кои ќе бидат опфатени со програмата на ВМРО ДПМНЕ. Ние сме народна партија и се обидуваме да промовираме чесност – порача од Ресен, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој најави дека тимот од стратешки соработници, кој вчера го претстави на јавноста, ќе се проширува.

Станува збор за тим од врвни професионалци. Тие имаат родољубие и желба за обнова на Македонија. Тие со голема љубов прифатија да бидат мои соработници за обнова на Македонија. Нивниот квалитет, професионално и животно портфолио се гаранција за креирање на идните политики на ВМРО ДПМНЕ. Јас и порано имам соработувано со овие луѓе и убеден сум во нивната желба и потреба да изградат држава за сите – рече Мицкоски.

Според Мицкоски има суштинска разлика меѓу „Обновата за Македонија“  на ВМРО ДПМНЕ и „Правиот пат“ на СДСМ.

Ние директно се сретнуваме со граѓаните, а СДСМ се затвара во сали, со нарачани гости и прашања. Она што тие го прават е бледа реакција на она што ВМРО го прави со месеци наназад. Ние ќе продолжиме да бидеме меѓу луѓето, да ги слушаме нивните проблеми, да наоѓаме решение за нив – објасни Мицкоски.

За лидерот на ВМРО ДПМНЕ нема приближување на ставовите за отворените прашања со СДСМ.

Ние сме за почитување на законите и уставот безусловно, а тие се заглавени во корупција – рече Мицкоски.

На прашањето дали има раскол во партијата и дали ќе може да ја обедини, Мицкоски беше дециден дека раскол нема, а дека СДСМ се труди да покаже дека партијата внатрешно има проблем

Легитимна е потребата на СДСМ да прави проблми во ВМРО ДПМНЕ. Сите што сакаат да ги презентираат своите мислења можат слободно тоа да го напраата. Можеме сите да ги слушнеме, но и тие нас да не чујат. СДСМ се обидува да прави проблеми, за што злоупотребува некои луѓе, но тоа е нивно – рече Мицкоски.

Коментирај