Мицкоски во посета на Крива Паланка и манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски- пречекан и поздравен од голем број граѓани (ВИДЕО)

0
102

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера беше во посета на Крива Паланка и манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски. Беше пречекан и поздравен од голем број на граѓани. Си го честитаа големиот празник Успение на Пресвета Богородица со желби за подобро утре.

Мицкоски претходно, за големиот празник Успение на Пресвета Богородица беше и во посета на Берово.

-Го посетив преубавиот манастир. Се видов со луѓето, им го честитав празникот, посакав среќа добро здравје, спокој во овие неспокојни времиња, правда над сите овие неправди, и добра мисла. Силно се чуствува незадоволството на народот од тешкиот живот. Да ги тргнеме на страна розевите очила на премиерот и неговата каста одбрани соработници. Денес вистината е дека Берово исто како и другите градови и села живее потешко од било кога. Своевремено имаме неколку парадокса на власта, имаме премиер кој ни вели дека блескаме во време кога имаме црна сиромаштија. Имаме премиер кој ни вели дека тешко му паѓало што читал лажни вести, а тој и неговите луѓе секојдневно не потрупуваат со лаги и конструкции, истакна вчера Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за власта, за која посочи дека е дезориентирана и паѓа.

-Имаме премиер кој вели дека се бори за правда а всушност имаме неправда, зошто пред се „Рекет“ прерасна во операција за спас на главата на октоподот. Имаме премиер кој вели дека ова било економска година, а во реланоста за 7 месеци имаме капитални инвестиции од мизерни 24 осто. Имаме премиер кој вели дека ќе сме имале реформирано образование а всушност имаме земја без ниту еден универзитет во топ 1000. Ова говори дека власта е дезориентирана и дека паѓа. Ништо не им оди од рака. Власта го губи тлото под нозете и е во паника. Доаѓа период на промени, периодот кога власта ќе се соочи со народот кој жестоко ќе ги казни. Тоа време се ближи, а потоа ќе дојде период на обнова и развој, истакна Мицкоски.

Мицкоски во текот на вчерашниот ден беше во посета и на Македонска Каменица и Пробиштип.

Коментирај